Достапни линкови

Болниците во Охрид и Струга атрактивни за пациенти од Албанија


Болницa во Охрид.
Болницa во Охрид.

Поради близината со овие здравствени институции, но и поради далеку поевтините услуги за лекување од оние во Албанија велат и пациентите, но и здравствениот персонал овде тие се повеќе ги користат услугите.

Болниците во Охрид и Струга се повеќе стануваат интересни и за пациенти од соседна Албанија. Покрај од пограничните места Подградец, Лин, Корча, Елбасан доаѓаат пациенти и од Тирана, но и од Косово. Поради близината со овие здравствени институции, но и поради далеку поевтините услуги за лекување од оние во Албанија велат и пациентите, но и здравствениот персонал овде тие се повеќе ги користат услугите. Дел од здравствените установи планираат во наредниот период да се промовираат во соседните држави со акцент на Албанија, каде би биле претставени можностите, условите за лекување и дел од новата апаратура со која располагаат.
Неколку одделенија се единствени во овој регион. Невропсихијатриското одделение, детското одделение. И самото по себе ова е регионална болница.
Љубен Арнаудов директор на охридската општа болница.

Љубен Арнаудов директор на охридската општа болница, вели дека нивна генерална политика е уште подобра здравствена заштита на сите пациенти и покрај проблемите со кои се соочуваат.

„Неколку одделенија се единствени во овој регион. Невропсихијатриското одделение, детското одделение. И самото по себе ова е регионална болница. Ние
вложуваме напори да се рашириме и во делот на Албанија кои можат слободно да доѓаат тука и да добиваат здравствена заштита. Имаме зголемување со пациенти од таа страна“, рече Арнаудов.

Ментор Ибраими директор на струшката болница вели дека
Се лекуваат како приватни пациенти, но според ценовникот како за наши пациенти, според референтни цени кои ги дава Фондот за здравство. Луѓето слушаат за нас, но гледаме дека има потреба и ние самите себе да се промовираме таму.
Ментор Ибраими, директор на струшката болница.
најголем дел од пациентите од Албанија ги користат услугите на хируршкото и гинеколошкото одделение.

„Најмногу доаѓаат од Корча, Подградец, Либраж, Елбасан.Под кои услови тие се лекуваат кај нас? Се лекуваат како приватни пациенти, но според ценовникот како за наши пациенти, според референтни цени кои ги дава Фондот за здравство. Луѓето слушаат за нас, но гледаме дека има потреба и ние самите себе да се промовираме таму.“

РСЕ: Што планирате во тој дел?

„Во делот на хирургијата особено во делот на интервенциите за лапараскопска интервенција која нагло се зголемува кај нас и тоа е метод кој околните болници не го применуваат се уште. Зошто да не се промовираме?“, вели Ибраими.

Центарот за кардиоваскуларни заболувања неодамна воведе нов третман на лекување хируршки интервенции на периферни артерии на нозе. Тоа според доктор Никола Бакрачески, кој е и градоначалник на Охрид, на оваа болница ќе и донесе многу нови пациенти.

„Во наредниот период очекуваме пациенти од цела Македонија, но и од соседна Албанија за ваков тип на интервенции да побараат услуги во нашиот центар. Ние опслужуваме значителен број на пациенти кои доаѓаат особено од соседните градови на Албанија од Корча,Подградец, Либраж и Прењаз. Што се однесува до амбулантни пациенти кои доаѓаат за неинвазивни прегледи тој број е постојан и тој број на пациенти се движи од 300 до 400 пациенти годишно. Цените на услугите кои ние ги даваме се нешто пониски од цените на услугите кои тие ги добиваат во нивните приватни болници“, рече Бакрачески.
XS
SM
MD
LG