Достапни линкови

Македонија е 10 ракометна репрезентација во Европа


Со пораз 33:22 од актуелниот светски првак Шпанија, македонската ракометна репрезентација како 10 пласирана ги заврши настапите на 11.Европско првенство.
Македонија на овој натпревар настапи без повредените Кирил Лазаров и Дејан Пецаковски.
Македонсците одиграа добро во првите 15 минути и беа рамноправен противник по што следуваше серија од 6:1 на светскиот првак за највисоко водство од +5 (13:8) во 23.минута. До крајот на првиот дел „црвено-жолтите“ стигнаа до три негатива. За само четири минути во второто полувреме Шпанците направија серија од 3:0 и се одлепија на шест голови разлика. Во 42.минута беше 23:14, а предноста на шпанците постојано се зголемуваше за да забележат на крајот победа со двоцифрена разлика.
XS
SM
MD
LG