Достапни линкови

Завршија разговорите меѓу Јануковиќ и опозицијата


Украинскиот претседател Виктор Јанукович се сретна денеска со лидерите на опозицијата - Арсениј Јаценјук, Виталиј Кличко и Олег Туанчубук . До ова дојде откако полицијата почна да ги отстранува барикадите во Киев при што дојде и до судири во кои двајца демонстранти загинаа. Засега нема детали од разговорите кои од претседателскиот кабинет се опишани како „прв чекор“
Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон денеска побара итен прекин на насилствата во Киев и ги повика владата и опозицијата да изнајдат начини за решавање на кризата.
XS
SM
MD
LG