Достапни линкови

Во Монтре меѓународна конференција за Сирија


Меѓународната конференција за изнаоѓање решение за тригодишниот конфликт во Сирија денеска беше отворена во Монтре, Швајцарија без поголеми очекувања за брз напредок. Генералниот секретрар на Обединетите нации Бан Ки Мун на отворањето на собирот им рече на делегатите дека се соочуваат со голем предизвик. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров оцени дека преговорите нема да бидат едноставни со оглед на одговорнсота која лежи на двете страни, антивладнините бунтовници и сирискиот режим. Со слични оценки е и американскиот државен секретар Џон Кери кој додаде дека нема шанси претседателот Башар ал Асад да биде дел од транзиционата влада во Сирија. Делегати од 40 други земји учествуваат на разговорите кои во текот на неделата ќе се преселат во Женева.
XS
SM
MD
LG