Достапни линкови

Медиумите пак ги раскараа пратениците


Архивска фотографија - расправа во собрание.

Архивска фотографија - расправа во собрание.

Од СДСМ велат дека власта е опседната со медиумите, од власта пак дека опозицијата го бара проблемот во другите поради нејзината неспособност.

Премногу донкихотски изгледа да се зборува за слободата на изразување на предлог на Влада, која што осум години еден од темелите на своето владеење го прави со масовна опседнатост со медиумите финансирано од парите на граѓаните за сопствени потреби и креирање на сопствен свет, порача пратеникот на СДСМ Јани Макрадули на собраниската седница за законите за медиуми.
Денеска е повеќе од донкихотовска битка да се борите против Влада којашто осум години своето владеење го темели на загрозување, на затворање на слободата на изразување.

„Денеска е повеќе од донкихотовска битка да се борите против Влада којашто осум години своето владеење го темели на загрозување, на затворање на слободата на изразување, влада којашто истера новинари од галеријата во собрание, влада којашто тепаше новинари, апсеше, осудуваше“, рече Макрадули.

На што пратеникот на Социјалистичката партија Малиша Станковиќ реплицираше дека опозицијата не може да зборува за слобода на медиуми, бидејќи штрајкуваше пред медиум, односно пред Сител телевизија, што досега не било видено во Европа.

„За вас слободен медиуми е исклучително медиум којшто е опозиционо настроен и којшто зборува нешто што е во прилог на опозицијата. Сето друго за вас е медиум, којшто е под влијание на
За вас слободен медиуми е исклучително медиум којшто е опозиционо настроен и којшто зборува нешто што е во прилог на опозицијата. Сето друго за вас е медиум, којшто е под влијание на власта.
власта“, рече Станковиќ.

Макрадули одговори дека не е негова работа што на Градски стадион без број има повеќе фирми отколку столчиња и тоа треба УЈП да го истражи.

„Протестот пред Сител телевизија значи дека сме биле во право, дека некој со пари плаќал за да го фалат, дека Никола Тодоров се појавувал секој втор ден на вести, не дека е убав, не дека е паметен, не дека има коефициент на интелегенција помал од вработените, според негово тврдење, туку дека плаќал и давал фирми за медицинска опрема на новинари.“

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски вели дека опозицијата го бара проблемот во другите поради нејзината неспособност.

„Неспособноста на вашата партија да се реформира, да се реорганизира и да донесе нови луѓе, сакате да ја оправдате дека другите ви се виновни, не е Макрадули крив, не е Николов, не е Спасовски крив, не е Ивановски крив, вие сте најдобрите, сите други се криви, вие сте најдобрите. Продолжете само така и еден ден сигурно ќе успеете.“

Од ВМРО ДПМНЕ порачаа и дека законите за медиуми биле донесени на најтранспарентен начин. За опозицијата власта живее од манипулација и злоупотреба, при што ги плаќа новинарите да известуваат за нив со пари на граѓаните.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG