Достапни линкови

Украина: преговори меѓу опозицијата и власта


Украинскиот опозициски лидер Арсениј Јаценјук објави дека претседателот Виктор Јанукович се согласил да се сретне со него и со двајца други опозициски лидери за да разговараат за решавање на кризата. Според последните информации преговорите биле во тек. Претходно, шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон денеска побара итен прекин на насилствата во Киев и ги повика владата и опозицијата да изнајдат начини за разговори за решавање на кризата. До ова дојде откако изутрината полицијата почна да ги отстранува барикадите во Киев. Притоа дошло и до судири во кои имало убиено двајца демонстранти. Потврдено е дека тие имале прострелни рани. Премиерот Микола Азаров демантира дека одговорни за убиствата биле полициските сили, бидејќи тие наводно во текот на акцијата не носеле огнено оружје.
XS
SM
MD
LG