Достапни линкови

Турската влада разреши и прераспореди уште 470 полицајци


Реџеп Таип Ердоган

Реџеп Таип Ердоган

Турската влада денеска разреши или распореди на други должности уште 470 полицајци, меѓу кои и високи полициски офицери во Анкара, јави турската телевизија НТВ. Акцијата била преземена во рамките на политичко финансискиот скандал што ја зафати Турција. Од почетокот на истрагата во која беа приведени блиски луѓе на премиерот Реџеп Таип Ердоган, тој почна со измени во турската полиција. Ердоган ги обвинува дека тие се дел од заговор, што има за цел да се дестабилзиира неговиот режим.
XS
SM
MD
LG