Достапни линкови

Ристевски со исполнета А норма оди во Сочи


Антонио Ристевски, алпски скијач.

Антонио Ристевски, алпски скијач.

Македонија конечно има алпски скијач, со исполнета А норма за настап на Зимски олимписки игри.

По дводецениско чекање, Македонија конечно има алпски скијач, со исполнета А норма за настап на Зимски олимписки игри. Овој, за нас голем успех, е дело на Антонио Ристевски, кој изминатиот викенд ја потврди највисоката норма за учество на Олимпијадата која од 7-ми до 23-ти февруари ќе се одржи во рускиот град Сочи.
Постои тој мал притисок пред Олимпијада, резултати, се остварува олимписката норма, не сум само јас... Сепак, ете се поклопија некои работи и на крај резултатот се случи.

Да биде задоволството поголемо, Ристевски најголемиот подвиг на македонското алпско скијање го потврди со триумф на слаломската трка во австрискиот центар Турнау, притоа освојувајќи 24,74 ФИС поени, што е исто така резултат број 1 во историјата на овој спорт кај нас. Со тоа, најдобриот македонски скијач, на импресивен начин ја исполни целта што си ја постави на стартот од четиригодишниот олимписки квалификациски циклус, во кој и покрај постојаниот напредок, како што признава самиот, ги надмина сопствените очекувања.

„Јас веќе бев на едни ОИ во Ванкувер. И тогаш ми беа големи шансите за А норма, само што ете не успеав тогаш да ја исполнам. Оваа Олимпијада го направив тој резултат на последниот ден од квалификацискиот циклус, од што и јас бев изненаден. Сепак, постои тој мал притисок пред Олимпијада, резултати, се остварува олимписката норма, не сум само јас... Сепак, ете се поклопија некои
Оваа година очекуваме, како јас, така и мојот тренер и од олимпискиот комитет, пласман во првите 30, со што би биле сите задоволни. Тоа е и мојата голема желба.
работи и на крај резултатот се случи“, рече Ристевски, кој пред три недели го освои првото место и на трката во германскиот Бад Визе.

Со овие успеси, тој се искачи на 407-мото место на светската ранг листа (услов за А норма е влез во топ 500), но што е уште позначајно потврди дека се наоѓа во одлична форма. Тоа ги подгрева надежите дека Антонио има сили за квалитетен настап на слаломската и на велеслаломската олимписка трка во Сочи, каде што нема намера да се задоволи само со завршување на трките. Напротив, сега амбициите се поголеми, а негова желба е да обезбеди пласман меѓу 30-те најдобри.

„Пред се сакам четири сериозни, здрави, јаки возења. Ќе го дадам мојот максимум, а резултатот ќе си дојде сам по себе. Значи, со оглед на резултатот од претходната Олимпијада, оваа година очекуваме, како јас, така и мојот тренер и од олимпискиот комитет, пласман во првите 30, со што би биле сите задоволни. Тоа е и мојата голема желба“, додаде Антонио Ристевски, кој на најзначајниот зимски спортски настан во светот ќе се натпреварува на 19-ти (велеслалом) и на 22-ри февруари (слалом).

Покрај него, на претстојната Олимпијада Македонија ќе ја претставуваат уште двајца натпреварувачи во нордиско скијање – Дарко Дамјановски (пред 10 месеци ја исполни А нормата и ова ќе му бидат трети ОИ), како и 16 годишната дебитантка Марија Колароска (ќе настапи со Б норма).

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG