Достапни линкови

Ештон бара итeн прекин на насилствата во Киев


Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон денеска побара итен прекин на насилствата во Киев и ги повика владата и опозицијата да изнајдат начини за разговори за решавање на кризата. До ова дојде откако изутрината украинската полиција почна да ги отстранува барикадите од антивладните протести во Киев. Притоа дошло и до судири во кои имало убиено двајца демонстранти. Потврдено е дека тие имале прострелни рани. Премиерот Микола Азаров демантира дека одговорни за убиствата биле полициските сили, бидејќи тие наводно во текот на акцијата не носеле огнено оружје.
XS
SM
MD
LG