Достапни линкови

Во Брисел скрининг во преговорите на Србија со ЕУ


Во Брисел денеска почнува скринингот за поглавјето 35 од преговорите за членство меѓу Србија и ЕУ, што се однесува за процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Целта е да се направи снимка на досегашниот напредок во дијалогот и да се одредат идните предизвици по тој пат. Според преговарачката рамка на ЕУ со Србија, претставена вчера на првата меѓувладина конференција во Брисел, во центарот на преговарачкиот процес ќе бидат поглавјата 35, 23 и 24 кои главно се однесуваат на правосудството.
XS
SM
MD
LG