Достапни линкови

Бесими и Попоски во Брисел на средби со Филе и Ховит


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими и министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска во Брисел ќе се сретнат со еврокомесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе и со известителот во Европскиот парламент за Македонија Ричард Ховит.
На средбите, како што најави Секретаријатот за европски прашања, ќе се разговара за перспективите на евроинтегративниот процес на Република Македонија во 2014 година и за напредокот во исполнувањето на клучните приоритети од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД).
Во разговорите со Ховит се очекува да стане збор и за Предлог резолуцијата за Македонија што вчера доби зелено светло од Комитетот за надворешни прашања на Европскиот парламент.
XS
SM
MD
LG