Достапни линкови

Азаров: употреба на сила ако не запрат протестите


Микола Азаров

Микола Азаров

Украинскиот премиер Микола Азаров изјави дека ќе биде употребена сила против антивладините демонстранти ако „провокаторите“ не ги запрат своите активности. Во интервју за руската ТВ станица Вести 24, Азаров истакна дека одговорни за судирите меѓу демонстрантите и полицијата во центарот на Киев се оние лидери на опозициските партии кои ја креираа оваа ситуација. Тој негира дека владата ќе прогласи вонредна состојба.
Во насилните судири во изминатите две ноќи во Киев стотици луѓе се повредени, а полициски возила се уништени.
Демонстрантите се гневни поради тоа што парламентот во четвртокот усвои легислатива според која се драстично зголемени казните, а е предвидена и затворска казна, за неодобрени улични протести. Законите стапуваат во сила денеска.
XS
SM
MD
LG