Достапни линкови

Телефонски разговор Путин- Обама


Претседателите на Русија и на САД Владимир Путин и Барак Обама телефонски разговарале за подготовките на мировната конференција за Сирија која почнува денеска во Швајцарија. Белата Куќа соопшти дека двајцата лидери разговарале и за меѓународната програма за уништување на сириското хемиско оружје, како и за соработката во процесот „П5+1“ околу иранската нуклеарна програма.
Путин и Обама исто така разговарале и за безбедноста на претстојните зимски Олимписки игри во рускиот град Сочи.
Кремљ не даде детали за содржината на разговорот, но го опиша како ефикасен и конструктивен.
XS
SM
MD
LG