Достапни линкови

Антитерористички акции на руската полиција пред Олимписките игри


Полицијата во рускиот Северен Кавказ соопшти дека убила исламистички милитант во пресрет на зимските Олимписки игри во Сочи. Националниот антитерористички комитет објави дека Елдар Магатов бил убиен вчера во оружена престрелка со безбедносните сили во Дагестан. Тој е претставен како наводен лидер на бунтовничка група во дагестанската област Бабјурт.
Во меѓувреме, руските власти ги објавија имињата на 4-те „црни вдовици“ кои се осомничени дека планирале терористички напади во и околу Сочи. Жените се од Туркменистан и се наречени „црни вдовици“ затоа што нивните сопрузи биле убиени од руските сили во Северен Кавказ поради обвинувањата дека се исламистички милитанти.
XS
SM
MD
LG