Достапни линкови

logo-print

Давос: почнува состанокот на Светскиот економски форум


Денеска во швајцарскиот град Давос почнува годишниот состанок на Светскиот економски форум, на кој според организаторите, се очекува присуство на повеќе од 2 илјади и 500 учесници, вклучувајќи и над 40 шефови на држави или влади. Темата на собирот, кој ќе трае до сабота, е „Преобликувањето на светот: последици за општеството, политиката и бизнисот“.
Меѓу главните точки на програмата се сесиите за климатските промени, развојните цели по 2015 година, предизвиците на невработеноста кај младите, економските перспективи на најголемите економии во развој, како и иднината на Северна Африка и Блискиот Исток.
XS
SM
MD
LG