Достапни линкови

Папата на 21 јуни ќе го посети Сараево, тврди Федерална ТВ


Папата Франческо во втората половина на јуни треба да ја посети Босна и Херцеговина и по повод одбележувањето на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна да упати порака за мир, информира денеска саравеската Федерална телевизија.

Претседателството на БиХ упатило официјална покана до поглаварот на Римокатоличката црква, а неговото доаѓање, според ФТВ, е планирано за 21 јуни.

Повикувајќи се на неименувани извори, телевизијата тврди дека папата ќе престојува во еднодневна посета на Сараево.
XS
SM
MD
LG