Достапни линкови

Врховниот суд на Хрватска ја потврди екстрадицијата на Јосип Перковиќ


Јосип Перковиќ

Врховниот суд на Хрватска денеска ги отфрли жалбите на пресудата за екстрадицијата на поранешниот југословенски и хрватски разузнавач Јосип Перковиќ во Германија, кои беа поднесени како од неговата одбрана, така и од Јавното обвинителство, јави Хина.
Адвокатот на Перковиќ, Анте Нобило претходно изјави дека ако Врховниот суд ја потврди одлуката на Жупанискиот суд за екстрадирањето, тој од Уставниот суд ќе побара да воведе времена мерка за суспензија на екстрадицијата.
Германија го товари Перковиќ за негова поврзаност со убиството на хрватскиот политички емигрант Стјепан Ѓурековиќ во 1983 година по нарачка на тајните служби на поранешна Југославија.
Откако се приклучи кон ЕУ, во јули минатата година, Хрватска одбива да го предаде Перковиќ, правдајќи се со националниот закон што забрануваше екстрадиција на обвинети за злосторства извршени пред август 2002 година. Под притисок на ЕУ и заканата со санкции, Загреб го смени законот, усогласувајќи го со европското законодателство.
Перковиќ беше уапсен на 1 јануари, а една недела подоцна судот одлучи да биде екстрадиран во Германија.
XS
SM
MD
LG