Достапни линкови

Над 20 луѓе убиени во Балочистан - Пакистан


Најмалку 22 луѓе загинаа при експлозија на бомба во автобус пред градот Куета. Според пакистанските власти, во автобусот биле шиитски верници кои се враќале од Иран. Над 20 лица при тоа беа повредени.
Засега никој не ја превзеде одговорноста за нападот во регионот каде се активни исламски милитанти, но и балочистанските сепаратисти.
Балочистан е провинција која граничи со Авганистан и Иран. Шиити се малцинство во претежно сунитскиот Пакистан.
XS
SM
MD
LG