Достапни линкови

logo-print

ВМРО ДПМНЕ v СДСМ за сетот владини мерки


„Тоа што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го прави е разрешување на проблемите останати од времето на СДСМ и подобрување на стандардот на граѓаните“.
Ова се наведува во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Цветанка Иванова од СДСМ која рече дека сетот мерки на Владата што беа презентирани пред синдикатите се старо-нови ветувања, дадени пред осум години.
Пратеничката Иванова денеска изјави дека пример за тоа е ветувањето за пет процентно покачување на платата во администарцијата.
Таа праша и зошто не е реализирано ветувањето за покачување на платите за административците за 10 проценти во 2009 година и 2010 година и зошто не е зголемена платата на административците во 2012 година.
ВМРО ДПМНЕ пак соопшти дека во мерките што ги спроведува Владата се законите за стечајците и професионалните војници, покачувањето на минималната плата, покачувањето на пензиите и платите во администрацијата, илјадниците нови работни места и низа други мерки кои влијаат врз подобрувањето на стандардот на граѓаните и решавањето на проблемите кои биле создадени во времето на владеење на СДСМ.
Во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ се истакнува дека во времето на СДСМ не се донесени ефективни закони кои се во насока да им се помогне на работниците, стечајците и граѓаните.
XS
SM
MD
LG