Достапни линкови

ББГ со осуда за тепањето на новинарите во Украина


Бордот на Гувернерите на американскиот бродкастинг и Радио Слободна Европа го осудија тепањето на новинарите, меѓу кои и двајца од РСЕ, од страна на украинската полиција. Преседавачот со ББГ Џеф Шел изјави дека тоа е шокантно насилство врз слободниот печат.
Насилството го осуди и претседателот на РСЕ Кевин Клосе.
Двајца новинари на Украинскиот Сервис на РСЕ беа тепани и затворени од полицијата додека ги покриваа анти владините протести вчера и завчера во Киев. Дописникот Дмитро Баркар и камерманот Игор Ишаков беа сериозно повредени. Во овие два дена биле повредени 35 новинари.
XS
SM
MD
LG