Достапни линкови

logo-print

Североисточен плански регион со нови проекти


Село Речица во Куманово.

Село Речица во Куманово.

Инфраструктурни зафати и промоција на туризмот се дел од проектите за кои Центарот за развој на североисточен плански регион ќе добие околу три милиони денари.

Центарот за развој на североисточен плански регион потпиша договор за соработка со Германско друштво за меѓународна соработка за четири проекти. За изградба на инфраструктура во индустриската зона во кумановското село Речица, за промоција на туризмот и изработка на техничка документација за едно регионално туристичко биро во Општината Кратово, третиот е техничка документација за изградба на инфраструктура и локален пат помеѓу селата Матејче и Лопате, Општина Липково, како и за техничка документација за изградба локален пат помеѓу селата Мождивњак и Каврак,Општина Крива Паланка, вели раководителот Младен Протиќ.
Проектот го работиме според одлуката на Регионален совет во кој што членуваат сите градоначалници. Овој проект беше предложен пред шест седум месеци, а каква судбина ќе доживее тоа не знам.

„За овие четири проекти одобрени се околу три милиони денари. Се надеваме дека според планот до јуни годинава овие проекти ќе бидат завршени.“

Со оглед на неизвесната судбина на индустриската зона во селото Речица, поради спорот помеѓу локалната самоуправа Куманово и државните институции, запрашан што ќе се случи со проектот, Протиќ вели дека нив не ги интересира политиката и објаснува:

„Проектот го работиме според одлуката на Регионален совет во кој што членуваат сите градоначалници. Овој проект беше Младен Протиќ раководител во Центарот за развој на североисточен плански регион од Куманово.

Младен Протиќ раководител во Центарот за развој на североисточен плански регион од Куманово.

предложен пред шест седум месеци, а каква судбина ќе доживее тоа не знам.“

Од јуни до крајот на септември годинава според Центарот за развој на североисточен плански регион ќе бидат завршени активностите во седум училишта за изградба на пристапните рампи, лифтови и тоалети за лица со интелектуална попреченост. Кон крајот на месецов овој Центар ќе аплицира со проект за
Европска унија сигурно ќе издвои пари и ќе донира, бидејќи Краста не е депонија,туку едноставно е ѓубриште и за неколку години ќе треба да се санира.
меѓугранична соработка со Косово,а резултатот ќе биде познат во јуни годинава.

За управување цврст отпад, Протиќ вели дека Центарот има еден вработен во техничка група за поддршка на Регионалното тело за управување со отпад составено од градоначалниците. Ова регионално тело е формирано поради проект од Европската унија и нашето Министерство за животна средина со вредност од еден милион и 400 илјади евра. Што со одлука на Владата на РМ е распишан тендер за двата региона Источен и Североисточен и избрана е компанија која ги работи овие регионални планови за управување со отпад кои ќе бидат обврска за сите региони.

„Покрај локалните сега треба да се прават и регионални планови за управување со отпад. Овој проект е во фаза на имплементација така да би требало да се види кои се најдобрите можности за регионално решавање во нашиот регион. Нашиот регион и натаму инсистира за „горилница“ за производство на електрична и топлинска енергија, но последниот збор ќе го каже Регионалното тело за управување со отпад.“

Што се однесува до депонијата Краста која сама по себе најголем проблем создава на населението од селата Пчиња и Студена Бара, според европските стандарди таа како таква не треба да постои за што Протиќ додава:

„Европска унија сигурно ќе издвои пари и ќе донира, бидејќи Краста не е депонија,туку едноставно е ѓубриште и за неколку години ќе треба да се санира.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG