Достапни линкови

logo-print

Отпадни води го загрозуваат Стрежевско Езеро


Вештачката акумулацијата „Стрежево“ кај Битола.

Вештачката акумулацијата „Стрежево“ кај Битола.

Во сливот на езерото завршуваат отпадните води од домаќинствата и шталите од селските населби. Битола зема вода за пиење од езерото од јуни до октомври.

Соодветно не се одржуваат определените зони за санитарна заштита околу вештачката акумулацијата „Стрежево“ од која Битола зема вода за пиење од јуни до октомври. Ова е посочено во извештајот на Центарот за јавно здравје неодамна усвоен од битолскиот Совет.
Со незаштитата, во онаква состојба како што се сега, што потврдуваат и надлежните институции, крајно е загадена акумулацијата и е загрозена.

Доктор Марика Иванова, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје вели дека во сливот на езерото завршуваат отпадните води од домаќинствата и шталите од селските населби. И пестицидите и други хемиски препарати кои се користат во земјоделството понираат и завршуваат в езеро.

По ова, Снежана Стоилова, професор по јавно здравство и советник упати прашање до локалната власт:

„Во изминатите девет години што презедовте за заштита на акумулацијата „Стрежево“, односно дали се заштитени прва, втора и трета санитарна зона по нормативи за заштита, значи она што е непосредна зона околу езерото и другите две пошироки. Со незаштитата, во онаква состојба како
Стрежево ќе мора да го реши проблемот, ако можеме да помогнеме, тука сме.
што се сега, што потврдуваат и надлежните институции, крајно е загадена акумулацијата и е загрозена“, вели Стоилова.

Градоначалникот Владимир Талески со одговор дека тие немаат ингеренции врз јавното претпијатие „Стрежево“, но ако треба ќе помогнат за надминување на состојбите.

„Забелешката е на место. Тие треба да си направат колектор за одделување на отпадните води од езерата. Таа директно влегува во езерото, јас тоа го имам видено неколку пати. Некаде напролет законските обврски на многу од институциите е да си направат прочистителни станици и ова со загадувањето да се реши. Стрежево ќе мора да го реши проблемот, ако можеме да помогнеме, тука сме“, вели Талески.

Водата што градскиот водовод ја зема од езерото редовно се прочистува и дезинфицира со хлор, па е исправна за пиење.

Марјан Ѓеровски, новиот директор на јавното претпијатие „Стрежево“вели дека веќе е изработена физибилити студија за колекторски систем. Проектот ќе чини 8 милиони евра, пари кои во иднина ќе се обидат да ги обезбедат.

„Во поранешната општина Цапари наместо прво да се заштити езерото, се правеа канализации на околните места, а сето тоа доведуваше во опасност цела таа санитарна вода да се влева во акумулацијата“, изјави Ѓеровски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG