Достапни линкови

Грција со економски приоритети, но го поддржува и проширувањето


Седница на собраниската Комисија за европски прашања на која aмбасадорот на Република Грција во Република Македонија, Харис Лалакос ги презентира приоритети и програма за работата на претседателството на Република Грција со Европската унија во периодот (јануари-јуни 2014 година).

Седница на собраниската Комисија за европски прашања на која aмбасадорот на Република Грција во Република Македонија, Харис Лалакос ги презентира приоритети и програма за работата на претседателството на Република Грција со Европската унија во периодот (јануари-јуни 2014 година).

Амбасадорот Харис Лалакос не сакаше да ги коментира билатералните прашања меѓу Грција и Македонија, но рече дека Грција секогаш го поддржувала проширување на ЕУ, особено на Балканскиот регион.

Приоритетите на грчкото претседателство со ЕУ во првите шест месеци од годинава ќе бидат овозможување економски раст и вработување, интеграции во ЕУ, граници, мобилност и миграција, како и сеопфатна поморска политика, порача грчкиот амбасадор во Македонија, Харис Лалакос во денешното обраќање пред Комисијата за европски прашања во Парламентот.
Нашето мото е Европа е наша заедничка задача. Во суштина тоа кажува дека останува на нас на сите граѓани, поединечно или заедно да работат подобро за престојните генерации во Европа.

„Нашето мото е Европа е наша заедничка задача. Во суштина тоа кажува дека останува на нас на сите граѓани, поединечно или заедно да работат подобро за престојните генерации во Европа. Особено за младите на југот од Европа кои страдаат од последиците од економската криза, бидејќи Европа е се кон што ние стремиме. Тоа значи дека треба да се грижиме за демократијата, толеранцијата, владеење на правото и просперитетот“, вели Лалакос.
Амбасадорот на Република Грција во Република Македонија, Харис Лалакос.

Амбасадорот на Република Грција во Република Македонија, Харис Лалакос.


Претседателот на Комисијата за надворешна политика, пратеникот Антонио Милошоски вели дека е разочаран што земјата која промовира проширување, тоа не го поставила како приоритет во претседавањето со ЕУ. Според него, Грција наместо да покаже лидерство кон Македонија таа ќе продолжи со односот на игнорирање и блокада.

„Република Грција за нас, во овој конкретен случај на една
Грција има шанси да го покаже своето лидерство само доколку се издигне над билатералните спорови, да погледне со европски очи на регионот.
дваесетгодишна голгота којашто е одбележана само со блокади под различни изговори има шанси да го покаже своето лидерство само доколку се издигне над билатералните спорови, да погледне со европски очи на регионот и да и овозможи на Македонија со силна и недвосмислена поддршка да ги отвори преговорите за членство во текот на нејзиното претседавање“, вели Милошоски.

Лалакос не сакаше да ги коментира билатералните прашања меѓу Грција и Македонија, бидејќи тоа, според него, ќе одземе премногу време, но се осврна на прашањето за проширување.

„Грција секогаш беше земјата која ја поддржуваше политиката за проширување на ЕУ, особено на Балканскиот регион. Тоа може да се докаже доколку се провери историјата на ЕУ и улогата на Грција во процесот на проширување на ЕУ“, вели Лалакос.

Евроамбасадорот во Македонија Аиво Орав истакна дека иако проширувањето на ЕУ не било споменато во грчкото претседателство тоа не значи дека никој не се занимава со прашањето.

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими порача дека Македонија останува сериозна во намерите за влез во ЕУ и продолжува со остварувањето на потребните реформи и дека властите се отворени за иницијативи за решавање на проблемите со соседите.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG