Достапни линкови

Нова експлозија во Бејрут, 2-ца загинати, над 20 повредени


Најмалку 2 лица загинале, а над 26 биле повредени при денешната експлозија во главниот град на Либан, Бејрут. Либанските медиуми јавуваат дека станува збор за самоубиствен напад со автомобил бомба, кој се случил во делот од градот кој е упориште на шиитската милитантна организација Хезболах. Ова е 5-ти сличен инцидент во Бејрут откако Хезболах соопшти дека испратил борци во Сирија како подршка на претседателот Башар Ал Асад. Сунитски милитантни групи ја превзедоа одговорноста за некои од нападите со цел да му се одмаздат на Хезболах за инволвираноста во сиријскиот конфликт.
XS
SM
MD
LG