Достапни линкови

Незаконски изборот на споменици за Скопје 2014


Изборот на личностите како и поставеноста на спомениците се регулирани со закон кој не се испочитува за повеќето обележја во центарот на Скопје, забележуваат упатените.

Изборот на личностите како и поставеноста на спомениците се регулирани со закон кој не се испочитува за повеќето обележја во центарот на Скопје, забележуваат упатените. Со дивиот проект Скопје 2014 се испраќаат политизирани пораки со кои се менува историјата, коментираат нашите соговорници.
Доколку постоеше почитување на законската регулатива на ниво на Собрание ќе беше формирана комисија која ќе утврдеше програма и во програмата ќе беа забележани личностите и настаните кои би се обележале со споменици и спомен обележја.

Универзитетскиот професор и претседателка на Центарот за заштита на културното наследство Донка Барџиева Трајковска вели дека за спомениците во центарот на Скопје целата законска процедура е заобиколена.

„Не е испочитуван законот за меморијални споменици и спомен обележја. Доколку постоеше почитување на законската регулатива на ниво на Собрание ќе беше формирана комисија која ќе утврдеше програма и во програмата ќе беа забележани личностите и настаните кои би се обележале со споменици и спомен обележја“, вели таа.

Дополнително во проектот се мешаат ингеренциите на лицата од локално и национално ниво, вели Трајковска и додава:
Ова оди во правец на извртување на историјата, која сме ја граделе и која сме ја изучувале во последните најмалку 50 години.

„Во историјата постојат утврдени настани и личности кои се заслужни за формирањето на македонската држава, од 1944 година наваму како самостојна, но и личностите од 1991 година, можеме да говориме и кога се стекнавме со автономност. Токму од овој аспект се најпроблематични сите, буквално сите до еден што се градат, затоа што не знаеме кој го направил изборот и на кое ниво е донесена одлуката“, вели Барџиева Трајковска.

Ако одлуките околу тоа за кого ќе се градат споменици и спомен обележја не се носени во Собранието, тогаш се поставува прашањето за кого се гради и дали има политичка позадина на проектот? Политичката позадина е јасна, а веројатно станува збор за обид за манипулација со свеста и сеќавањето на жителите на Македонија, вели политикологот Соња Стојадиновиќ.

„Дури ова оди во правец на извртување на историјата, која сме ја граделе и која сме ја изучувале во последните најмалку 50 години. Значи, ние, според политиката на ВМРО-ДПМНЕ, немаме никаков допир со словенските корени, туку имаме исклучиво со Античките Македонци, ние сме антички Македонци и јас сметам дека според политиката на ВМРО-ДПМНЕ треба веќе да почнеме да учиме грчки, бидејќи Античките Македонци зборувале грчки, а не да учиме англиски или некои други јазици“, вели Стојадиновиќ.

Државата често го правда мега-проектот Скопје 2014 како капитална инвестиција, тврдејќи дека освен споменици се градат и згради и дека се ќе се исплати од развојот на туризмот. Економистите неретко забележуваат дека државата може да го поттикне развојот со изградба на патишта и инфраструктура, а не на украси.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG