Достапни линкови

Лавров: Грешка е што Иран не учествува на преговорите за Сирија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека одлуката на Обединетите Нации да ја повлече поканата до Иран за учество на мировните преговори за Сирија, е грешка, но не и катастрофа. Лавров на денешната прес конференција во Москва оцени дека тоа не во интерес на кредибилитетот на Обединетите Нации. Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун реши да не го покани Иран на утрешните преговори во Швајцарија, бидејки Техеран не се согласи со условувањето дека во новата транзициска влада на Сирија не може да биде вклучен и претседателот Башар Ал Асад.
XS
SM
MD
LG