Достапни линкови

На Балканот без поголема заштита на човековите права


Земјите од Западен Балкан треба да работат понапорно доколку сакаат да ги достигнат европските и меѓународните стандарди во заштитата на човековите права. Ова се наведува во денеска објавениот извештај на Хјуман Рајтс Воч. Главен акцент од Балканот се става врз ситуацијата во Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Хрватска.

Владите на земјите во Западен Балкан направиле малку во минатата година за справување со долготрајните проблеми со човековите права. Ова го оценува Хјуман рајтс воч, организација за заштита на човековите права со седиште во Соединетите Држави во нејзиниот 24-годишен извештај. Во него се прецизира дека се неопходни порешителни чекори доколку балканските земји сакаат натамошно приближување кон Европската унија.
Хју Вилијамсон

Хју Вилијамсон


Главниот наод е дека има само ограничен напредок во Западен Балкан во минатата година во врска со важните прашања како процесуирањето на воените злосторства, борбата против дискриминацијата, злоставувањето на ромското малцинство и за насилството врз новинарите и ЛГБТ заедницата.
„Главниот наод е дека има само ограничен напредок во Западен Балкан во минатата година во врска со важните прашања како процесуирањето на воените злосторства, борбата против дискриминацијата, злоставувањето на ромското малцинство и за насилството врз новинарите и ЛГБТ заедницата“, изјави за Радио Слободна Европа Хју Вилијамсон од Хјуман рајтс воч, додавајќи дека овие оценки не се однесуваат само за балканските земји кои се стремат кон Европската унија.

„Значителна загриженост имаме и во врска со најновата членка на Европската унија, Хрватска, особено околу воените злосторства, третманот со малцинствата и системот за азил“, вели тој.

Во извештајот се наведува дека слаба точка во целиот регион останува заштитата на малцинствата, вклучувајќи ги Ромите кои се соочуваат со дискриминација, недоволна здравствена заштита и образование, па дури и принудно иселување. Вилијамсон вели дека процесуирањето на воените злосторства на Балканот се одвива тешко.

„И покрај некои пресуди, одговорноста за овие злосторства всушност останува неостварлива и имаше само неколку судења во националните судови во Србија и во Босна. Гонењето на воените злосторници на Косово останува бавно и попречено од проблеми со програмите за заштита на сведоците“, оценува Вилијамсон во врска со состојбата со човековите права на Балканот.

Во најновиот извештај на Хјуман Рајтс Воч од 667 страници се посочуваат главните прашања во оваа сфера во повеќе од 90 земји во светот, вклучувајќи ги и Соединетите Држави.

Тука се наведува дека лидерите на Европската унија лани признале оти постојат проблеми со порастот на нетолеранцијата и нарушувањето на човековите права во Унијата.

Исто така се се оценува дека обелоденувањата на Едвард Сноуден покажале оти американската влада со масовното тајно следење ја нарушила приватноста на многу луѓе во светот.

Хјуман рајтс воч има многу забелешки и за состојбата со човековите права во Русија, како и во поголем дел од земјите на Блискиот Исток и во Централна Азија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG