Достапни линкови

Иран и Сирија на маргините на разговорите во Давос


Основачот на Светскиот економски форум Клаус Шваб

Основачот на Светскиот економски форум Клаус Шваб

Основачот на Светскиот економски форум Клаус Шваб изјави дека на маргините на средбата во Давос, Швајцарија во оваа недела ќе се разговара и за иднината на Сирија и Иран. Средбата во Давос ќе се одржи во среда, односно истиот ден кога во Женева ќе се одржат и мировните преговори за Сирија.
Според Шваб, за разлика од Женева на разговорите во Давос ќе присуствуваат претставници на иранските власти каде ќе имаат можност да се сретнат со некои од клучните играчи во преговорите за ставање крај на војната во Сирија.
XS
SM
MD
LG