Достапни линкови

Македонските ракометари поразени од Исланд


Македонија го претрпе и вториот пораз во второто коло од главната фаза на европското првенство во Данска. Црвено жолтите беа поразени од репрезентацијата на Исланд со резултат 27-29.
Еден од репрезентативците Бранко Ангеловски по натпреварот изјави дека е многу разочаран и дека мора да се направи анализа на нашата игра. Тој порача и дека му е криво што лесно сме го продале петто место на претходното првенство и дека сега навистина им фали реченицата на поранешниот селектор Ѕвонко Шундвоски „Клавајте голови“. Според него, можеби така Македонија ќе била најмалку осма на првенството. До крајот на главната фаза на македонскиот тим му останува уште утрешниот натпревар со Шпанија.
XS
SM
MD
LG