Достапни линкови

logo-print

ЕУ и САД суспендираа некои санкции спрема Иран


Европската унија и Соединетите држави суспендираа дел од економските санкции против Иран. До ова дојде откако Меѓународната агенција за атомска енергија потврди дека Техеран во две нуклеарни постројки го запрел збогатувањето ураниум. Ова е во согласност со договорот постигнат на 24 ноември минатата година на шестте светски сили, Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и Соединетите држави со Иран. Според договореното, во наредните шест месеци Иран нема да инсталира нови нуклеарни постројки и ќе дозволи скоро секојдневни контроли на веќе постојните.
XS
SM
MD
LG