Достапни линкови

Избеган грчки есктремист се заканува со вооружени акции


Припадникот на екстремистичката левичарска организација „17 ноември“ Христодулос Ксирос, кој избегна од затвор денеска се заканил со нови вооружени акции. 56 годишниот Ксирос на 7 јануари побегна од издржување на шестте доживотни затворски казни, во текот на одобреното новогодишно отсуство. Во 2003 година Ксирос беше осуден, заедно со уште двајца негови браќа, поради вмешаност во серија бомбашки напади и убиства. Денеска на еден интернет сајт се појави снимка во која Ксирос чита соопштение чиј најголем дел е посветен на економската криза во земјата и оние кои тој и смета за главни виновници за нејзиното појавување. Тој осебно е огорчен на двете партии во владејачката коалиција, Нова демократија и ПАСОК, кои ги обвинува за предавство. Тој наведе дека Грција и другите европски земји станале колонии под „германска окупација“.
XS
SM
MD
LG