Достапни линкови

СДСМ: Власта предлага мерки од нашата програма


Опозицискиот СДСМ по денешното обраќање на премиерот Никола Груевски пред синдикатите оцени дека владејачката ВМРО ДПМНЕ почнала да реализира дел од програмата на социјалдемократите. „СДСМ го поздравува зголемувањето на минималната плата од 10 илјади денари. Беше крајно време ВМРО ДПМНЕ да го послуша СДСМ кој што ја промовираше оваа мерка при промоцијата на предлог мерките од новата Програма на партијата кон крајот на минатата година. Со ова, ВМРО ДПМНЕ покажува дека Социјалдемократскиот сојуз има реални мерки и реална програма и воедно се демантира самата себе кога зборуваше дека истите се неостварливи, необмислени, и неодмерени“, наведува СДСМ.
XS
SM
MD
LG