Достапни линкови

Утре официјален почеток на преговорите меѓу Србија и ЕУ


Неколку министри на членките на Европската унија, еврокомесарот за проширување Штефан Филе и претставници на српската Влада утре во Брисел ќе ги почнат преговорите за членство на Србија во Унијата. Евангелос Венизелос, министер за надворешни рабори на Грција, која претседава со Унијата на српските претставници ќе им ги врачи клучните документи за преговорите, во кои се потенцира дека Србија го постигнала потребниот степен на согласност со критериумите за членство. На церемонијата ќе присуствуваат и шефовите на дипломатиите на Австрија и на Хрватска, како и министрите за европски прашања на Словачка и на Унгарија.
XS
SM
MD
LG