Достапни линкови

Протести на „дивите“ таксисти во Битола


Битолските „диви“ таксисти протестираа барајќи, наместо лиценци, да плаќаат месечен паушал. Се пожалија дека возилата им се стари и не може да ги лиценцираатт, а пари за нови немаат.

Со блокада на дел од коловозот пред Општина Битола, нелегалните таксисти протестираа барајќи, наместо лиценци, да плаќаат месечен паушал. Тие се пожалија дека возилата им се стари и не ги задоволуваат стандардите за лиценцирање, а пари за да купат нови немаат. Ако општината не го прифати нивниот предлог, бараат вработувања во државни и јавни претпријатија.
Не нарекоа диви таксисти, како да сме слезени од планина. Не шиканираат, не бркаат, возила и документи ни одземаат, а ние како и другите луѓе сакаме да заработиме за леб и тоа за да преживееме.
Сашо Ралевски, таксист.

„Не нарекоа диви таксисти, како да сме слезени од планина. Не шиканираат, не бркаат, возила и документи ни одземаат, а ние како и другите луѓе сакаме да заработиме за леб и тоа за да преживееме. Бараме од општината да не бидеме веќе диви, туку да плаќаме одреден паушал, соодветен на нашите примања. Ако не ви одговара нашиот предлог, тогаш за нас најдете решение како и за стотици вработени во битолските институции кои доаѓаат од други градови, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Кичево. Зарем граѓаните на другите градови кои ги вработувате во битолските институции се побитни од нас битолчани кои ви го дадовме мандатот за да ги решавате нашите проблеми, а не да се чувствуваме како граѓани од втор ред во сопствениот град“, вели таксистот Сашо Ралевски.
За да се реши нашиот проблем бараме да договориме паушал за да не бидеме овие 250 битолчани криминалци, а се бориме за егзистенција, не за луксуз.
Благојче Зејковски, таксист.

„Четворица сме дома, децата за леб ни плачат, а тие не бркаат, дома оди си. Сега заработувам колку сметките да си ги платам“, вели неговиот колега Драге Нејдановски.

„Ние сме категорија на граѓани на возраст од 30 до 55 години. Државата нас не ни овозможи вработување. Имам 43 години, а немам ни еден ден стаж. Мене треба да ми дадат орден за храброст, како сум успеал да преживеам 43 години без вработување. За да се реши нашиот проблем бараме да договориме паушал за да не бидеме овие 250 битолчани криминалци, а се бориме за егзистенција, не за луксуз“, вели Благојче Зејковски.
Во легалните бази имаме недостаток на возачи и за сите нив ќе се најде работа.
Тони Коминовски, Здружение на легални такси превозници.

Протестите следуваа откако деновиве општинскиот инспекторат и сообраќајната полиција одзедоа возачки и сообраќајни дозволи на неколку десетици диви таксисти од градот, а беа изречени и повеќе парични казни.

Од Здружението на легални такси превозници со апел:

„Оние кои можат да извадат лиценца, тоа да го сторат во најкраток можен рок, а сите останати кои не ги исполнуваат условите, односно имаат возила постари од она што го бара законот, да се обратат до здружението. Здружението во соработка со сите автобази кои се легални во градот ќе им излезе во пресрет на нелегалните превозници за да не останат на улица. Во легалните бази имаме недостаток на возачи и за сите нив ќе се најде работа“, изјави Тони Коминовски.

Од Општина Битола велат дека тие немаат надлежност за решавање на егзистенцијални прашања, туку даваат придонес во создавањето услови за отворање на нови работни места. Одредувањето на паушалот го врши УЈП, а барањето за враќање на документите и ослободување од казните може да се разгледа за оние кои во најкус можен рок ќе извршат регистрирање на дејноста, велат од општината.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG