Достапни линкови

Новинари на РСЕ тепани во затвор во Киев


дописниците Дмитро Баркар и Ихор Искако, 20.01.2014.

дописниците Дмитро Баркар и Ихор Искако, 20.01.2014.

Двајца новинари кои работат за Украинскиот сервис на Радио Слободна Европа/Радио Либерти биле тепани откако биле приведени од полицијата. Станува збор за дописниците Дмитро Баркар и Ихор Искако кои известувале од судирите меѓу полицијата и антивладините демонстранти во Киев. Тие денеска биле ослободени од притвор по што изјавија дека полицајците ги тепале и оти им била одземена камерата. Од украинската полиција е соопштено дека дописниците биле приведени како сведоци. До судирите дојде откако вчера десетици илјади луѓе се собраа во центарот на Киев да протестираат против легислативата со која се ограничува правото на протестни собири во Украина.
XS
SM
MD
LG