Достапни линкови

Потребна поголема помош за хендикепираните во Охрид


Потребна е поголема грижа за лицата со посебни потреби, како и за оние што живеат во крајна сиромаштија во Охрид.

Магацински простории, напуштените хотели и некои други објекти кои во Охрид се празни, да бидат искористени за лицата без покрив над главата и за социјално загрозените семејства кои се соочуваат со ваков проблем предлагаат од Црвен крст Охрид.
Соработката со институциите е на повисоко ниво, но далеку сме од максимумот, почнувајќи од локалната самоуправа и јавните претпријатија. Но, имаме добар ритам и добар смер.

Претседателот Сашо Точков вели дека на оваа категорија граѓани им е потребна поголема институционална подршка. Вели дека се трудат барем еднаш во месецот да им излезат во пресрет на овие луѓе и оти само минатата година помогнале на повеќе од 350 вакви семејства. Очекува оваа година поголема помош од институциите на системот, бидејки во Охрид биле евидентирани повеќе од 500 семејства или 2000 лица на кои им е потребна помош.
Ако зборуваме за Охрид, што треба да се направи, тоа се нови системски решенија околу препреките, барикадите, околу комуникацијата со слепите лица, остварувањето на некои бенифиции во комуналната сфера.

„Соработката со институциите е на повисоко ниво, но далеку сме од максимумот, почнувајќи од локалната самоуправа и јавните претпријатија. Но, имаме добар ритам и добар смер. Она што недостасува во Охрид е институционалната помош и поддршка и логистика за тие семејства. Тука мислам на лицата кои се бездомници, луѓе кои од најразлични причини немаат покрив над главата. Ние не можеме тоа да им го обезбедиме, а засега не може ниту локалната самоуправа, ниту министерствата. Има такви случаи, многу сме се обратиле за помош, но не наидуваме и на разбирање, но претпоставувам и на немање средства и визија од страна на институциите“, вели Точков.

Славчо Џајкоски, секретар на Здружението на слепи лица во Охрид, вели дека, и покрај тоа што некои работи се подобруваат, има уште многу што да се направи.

„Ако зборуваме за Охрид, што треба да се направи, тоа се нови системски решенија околу препреките, барикадите, околу комуникацијата со слепите лица, остварувањето на некои бенифиции во комуналната сфера. Сакаме да ги вклучиме во сите можни активности каде тие можат да се најдат. Да ни помогнат во нашите активности заедно да соработуваме, за да не се чувствуваат како категорија кои се посебни“, вели Џајкоски.

Славица Стефановска, секретар на Здружението на глуви лица во Охрид, вели дека она што треба да се направи во 2014 година е спроведување заедно со институциите на зацртаните планови и активности.

„За да функционираме уште подобро сакаме соработката со локалната самоуправа која е на добро ниво да ја унапредиме и сите оние работи кои се во фаза на договор да ги реализираме. Кај нас основна бариера е комуникацијата и пристапот до неа. Во рамките на локалната самоуправа долу на шалтерите има лице кое е со сертификат за знаковен јазик и работи одреден временски период и секое глуво лице кое има потреба од некој документ му се обраќа нему и потоа преведувачот е со него и може да ја заврши работата“, вели Стефановска.

Инаку, ЈП „Градски Пазар“ пред неколку дена изгради пристапни рампи за лицата со физичка инвалидност и обезбеди паркинзи за оваа категорија граѓани. Овие рампи се направени до продажните места за текстил и продажното место за производи од животинско потекло.
XS
SM
MD
LG