Достапни линкови

Путин: хомосексуалците се добредојдени во Сочи


Рускиот претседател Владимир Путин понуди нови гаранции на геј спортистите и фановите за престојните Зимските олимписки игри 2014 следниот месец во Сочи. Сепак, во интервју за странските телевизии, Путин го бранеше рускиот закон за забрана на "пропаганда на нетрадиционалните сексуални односи" меѓу малолетници.
Путин ги обвини САД за двојни стандарди во своите критики кон Русија, укажувајки на закони во некои држави во САД во кои геј секс се класифицира како кривично дело.
Врховниот суд на САД, сепак, донесе одлука во 2003 година дека таквите закони се неуставни. Руската закон пак донесен во јуни лани предизвика меѓународни критики. Некои активисти повикаа на бојкот на Олимписките игри во Сочи.
XS
SM
MD
LG