Достапни линкови

Иран започна да го применува нуклеарниот договор


Натанц

Натанц

Нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили за суспензија на згогатувањето на ураниумот денеска започна да се применува.
Државната иранска телевизија јави дека центрифугите во нуклеарката Натанц се исклучени, а процесот е набљудуван од инспекторите на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија.
Во ноември Иран го потпиша договорот со САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија.
Со договорот Иран се обврзува да ја ограничи програмата за збогатување ураниум во замена за привремено укинување на дел од меѓународните санкции.
Се предвидува договорот да трае шест месеци.
За тоа време, Иран и шесте светски сили треба да ги продолжат разговорите со надеж за постигнување посеопфатен договор.
Иран ги негира западните сомневања дека ја користи нуклеарната програма за тајно да развие атомско оружје.
XS
SM
MD
LG