Достапни линкови

Тензична ситуација во Киев


Во Киев тензична ситуација меѓу антивладините демонстранти и специјалите полициски сили по вчерашните судири меѓу двете страни. Според некои наводи, спорадични судири имало и во текот на изминатата ноќ.

Десетици илјади Украинци вчера излегоа на улиците на Киев откако претседателот Виктор Јанукович ги потпиша законите со кои, меѓу другото, се ограничуваат правата на протестни собири. Тоа, според опозицијата, претставува отворена врата Украина да стане полициска држава.
Пред неколку минути ми телефонираше претседателот Јанукович. Ми кажаа дека ќе почнат преговарачки процес.

Протестите станаа насилни откако група маскирани демонстранти нападнаа полициски кордон со стапови и се обидоа да го тргнат автобусот кој го попречувал нивниот пат до парламентот.

Тие фрлале и запалливи предмети врз полицајците при што 100 од нив биле повредени. Дваесетина демонстранти биле приведени.

Додека траеле немирите, еден од опозициските лидери, поранешниот боксерски шампион Виталиј Кличко, се сретна со шефот на државата Виктор Јанукович по што е објавено дека била постигната согласност да се формира комисија за решавање на политичката криза. Претседателскиот кабинет соопшти дека станува збор за работна група.
Ги следам настаните во Украина во изминативе неколку денови. Се надевам дека разговорите на претседателот Јанукович со опозицијата ќе бидат позитивен чекор напред.

„Пред неколку минути ми телефонираше претседателот Јанукович. Ми кажаа дека ќе почнат преговарачки процес. Преговорите ќе ги предводи шефот за национална безбедност Андриј Клујев“, им изјави на насобраните демонстранти опозицискиот лидер Арсениј Јацењук.

Најавата за разговори беше поздравена од шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон.

„Ги следам настаните во Украина во изминативе неколку денови. Се надевам дека разговорите на претседателот Јанукович со опозицијата ќе бидат позитивен чекор напред“, вели Ештон.

Американската Бела куќа повика на крај на насилствата во Киев. Портпаролот на Советот за национална безбедност Кетлин Хејден побара од украинските власти да ги повлечат спорните закони со кои како што изјави се криминализираат мирните протести во таа земја.

„Соединетите Држави ќе продолжат да разгледуваат натамошни чекори, вклучувајќи и санкции како одговор на насилството“, изјави Хејден.

Тензиите во Украина избувнаа откако во минатиот ноември Јанукович одби да го потпише договорот за поблиски односи со Европската унија и најави повторно приближување со Русија.

Тензиите деновиве беа интензивирани по донесувањето на легислативата со која се оневозможуваат протести во Украина. Законите се неуставни, оцени Кличко.

„Прво, ги сметаме за илегални законите усвоени од парламентот на 16 јануари. Второ, бараме предвремени претседателски избори и трето, сакаме да бидат сменети членовите на централната изборна комисија со цел изборите да бидат фер и транспарентни“, рече Кличко.

Повеќето од демонстрантите за време на вчерашните протести во Киев носеа маски. Тие запалија неколку полициски возила, а имаше и тепачки со полицијата која возврати со солзавец, шок бомби и водени топови.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG