Достапни линкови

Јанукович се согласи на разговори со опозицијата


Украинскиот Претседател Виктор Јанукович се согласи на разговори со опозицијата по судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Киев. Јанукович изјави дека воспоставил специјален комитет за средба со опозицијата на која треба деа се најде решение за пролемот.
Вчера, десетици илјади луѓе во Киев протестираа против новиот закон со кој се ограничуваат протестите. Опозицијата смета дека законот го поплочува патот кон полициска држава.
Група од млади маскирани демонстранти вчера ја нападна полицијата која ги спречи демонстрантите да се доближат до собранието.
Демонстрантите фрлаа димни бомби, петарди и други предмети кон полицајците. Министерството за внатрешни работи соопшти дека 70 полицајци биле повредени, а десетина демонстранти биле притворени.
XS
SM
MD
LG