Достапни линкови

logo-print

Судир на демонстрантите и полицијата во Киев


Прекинот на судирите меѓу демонстрантите и специјалните полициски сили во главниот град на Украина, Киев, сè уште трае. Десетици илјади луѓе вчера излегоа на улиците на Киев на протест против новиот закон со кој се ограничуваат протестите. Опозицијата смета дека законот го поплочува патот кон полициска држава. Група од млади маскирани демонстранти вчера ја нападна полицијата која ги спречи демонстрантите да се доближат до собранието. Демонстрантите фрлаа димни бомби, петарди и други предмети кон полицајците. Министерството за внатрешни работи соопшти дека 30 полицајци биле повредени, од кои четворица сериозно. Портпаролката на опозицискиот лидер Виталиј Кличко на Твитер објави дека претседателот Виктор Јанукович прифатил веднаш да се сретне со Кличко во претседателската резиденција надвор од Киев, иако за оваа информација нема потврда од кабинетот на претседателот. Кличко потоа на Твитер напиша дека претседателот Јанукович се согласил денеска да се формира комисија за решавање на политичката криза.
XS
SM
MD
LG