Достапни линкови

Стапува во сила нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили


Нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили денеска треба да стапи во сила. Во ноември Иран го потпиша договорот со САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија. Деталите за неговото спроведување беа договорени на 13 јануари. Иран се обврзува да ја ограничи програмата за збогатување ураниум во замена за привремено укинување на дел од меѓународните санкции. Портпаролот на иранскиот нуклеарен оддел вчера изјави дека ограничувањето на збогатувањето на ураниумот и намалување на резервите што ги има земјата се најважните обврски. Меѓународните експерти веќе пристигнаа во Техеран и се подготвени да влезат во иранските нуклеарни постројки. Се предвидува договорот да трае шест месеци. За тоа време, Иран и шесте светски сили треба да ги продолжат разговорите со надеж за постигнување посеопфатен договор. Иран ги негира западните сомневања дека ја користи нуклеарната програма за тајно да развие атомско оружје.
XS
SM
MD
LG