Достапни линкови

logo-print

Американски политичари - Сноуден имал помош од Русија


Едвард Сноуден.

Едвард Сноуден.

Тројца американски политичари изразија загриженост што Русија му помага на поранешниот соработник на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден да ги објави американските владини тајни. Пратеникот Мајк Роџерс, шеф на Комисијата за разузнавање во Претставничкиот дом, во емисијата „Meet the press“ на телевизијата Ен-Би-Си, изјави дека истражува дали Русија му помогнала на Сноуден да ги украде и објави класифицираните американски документи. Роџерс изјави дека верува оти „има причина што тој заврши во рацете, во саканите раце, на [Руската федерална служба за безбедност] агенцијата во Москва“. Сноуден ги напушти САД минатата година и замина во Хонг Конг по што доби привремен азил во Русија, каде што живее во моментов. Сенаторката Даен Фајнстајн, претседателка на Сенатскиот комитет за разузнавање, за ЕН-Би-Си изјави дека Сноуден „можеби имал“ помош од Русија. Пратеникот Мајкл Мекол, за телевизијата Еј-Би-Си, исто така изјави дека смета дека Сноуден имал странска помош.
XS
SM
MD
LG