Достапни линкови

logo-print

Иран ќе учествува во сириските мировни разговори


Министрите за надворешни работи на Иран, Русија и Сирија на средба во Москва. Мохамед Џавад Зариф, Сергеј Лавров и Валид ал Муалем.

Министрите за надворешни работи на Иран, Русија и Сирија на средба во Москва. Мохамед Џавад Зариф, Сергеј Лавров и Валид ал Муалем.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун соопшти дека го поканил Иран да учествува на прелиминарните мировни разговори за Сирија во швајцарскиот град Монтре. Тој рече дека Техеран ветил оти ќе одигра „позитивна и конструктивна улога“ ако биде поканет на разговорите. Сепак, портпаролот на главната сириска опозициска организација во егзил изјави дека Сириската национална коалиција ќе се повлече од разговорите ако Бан Ки-мун не ја повлече поканата за Иран. Портпаролката на Стејт департментот, Џен Псаки, изјави дека поканата треба да биде повлечена ако Техеран јавно и целосно не ги прифати принципите на претходната мировна конференција и повика на формирање преодна влада во Сирија. Бан Ки-мун соопшти дека Техеран се согласил на тие принципи. Тој исто така рече дека Иран е меѓу 10 дополнителни држави поканети да учествуваат на средбата во Монтре што им претходи на разговорите што треба да почнат в петок меѓу делегација на сирискиот претседател Башар ал-Асад и сириските опозициски групи во седиштето на ОН во Женева.
XS
SM
MD
LG