Достапни линкови

Пакистан - експлозија во Равалпинди, 4 жртви


Илустрација

Илустрација

Најмалку четири луѓе загинале, а 15 се повредени во експлозија на бомба во пакистанскиот град Равалпинди, соопштија тамошните власти. Полицијата испитува дали станува збор за бомбаш-самоубиец. Равалпинди е дом на воениот штаб на Пакистан. Експлозијата се случи во област каде што има многу воени објекти. Настанот се случува на само еден ден откако 20 војници беа убиени во северозападен Пакистан. Пакистанските Талибанци ја презедоа одговорност за тој инцидент и најавија уште многу напади.
XS
SM
MD
LG