Достапни линкови

logo-print

Амбасадорката на САД во Јапонија загрижена за делфините


Американската амбасадорка во Јапонија, Каролин Кенеди, изрази длабока загриженост поради традиционалниот лов на делфини во западна Јапонија. Годишниот лов на делфини во Таиџи во западна Јапонија долго време е предмет на контроверзи, а документарецот на таа тема „Заливот“ доби и Оскар. Секоја година, рибарите од малото рибарско градче Таиџи довезуваат стотици делфини во заливот. Дел од нив продаваат во морските паркови, дел пуштаат назад во морето, а останатите ги убиваат за месото. Амбасадорката Кенеди на Твитер напиша дека е „длабоко загрижена поради нехуманоста“ со која се убиваат китовите додавајќи дека американската влада се противи на таквиот начин на риболов.
XS
SM
MD
LG