Достапни линкови

Протести во Албанија против проектот „Луково Поле“


Реката Радика .

Реката Радика .

Во организација на албанската „Алијанса против девијација на реките“ денеска во пограничниот град Пешкопеја и во албанскиот главен град Тирана, беа одржани протести против проектот „Луково Поле“.

И на едниот и на другиот протест присуствувале претставници на граѓански асоцијации, при што е побарано албанската влада да не го прифаќа македонскиот проект за реализација на проектот Луково Поле, со кој се зафаќаат дел од водите на реката Радика, за изградба на хидроцентрала.

На протестот е побарано да се почитува барањето на жителите на Дебар, кои сметаат дека проектот е катастрофален за биодиверзитетот на целиот регион.

Слични барања се искажани и на протестот во Пешкопеја, на 23 километри оддалечен од Дебар, а на кој присуствувал и претставници на локалната власт и граѓански организации од Дебар.
XS
SM
MD
LG