Достапни линкови

Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Киев


Стотици демонстранти се судрија со специјалната полиција во главниот град на Украина, Киев. До судирите дојде откако десетици илјади демонстранти се собраа на Плоштадот на независноста на протест против новиот закон за ограничување на протестите. Демонстрантите ја нападнаа полицијата со стапови, откако безбедносните сили не им дозволија да се приближат до зградата на парламентот пред која има кордони полиција и автобуси. Против демонстрантите биле користени димни бомби. Пред да ескалираат протестите, опозицискиот лидер Виталиј Кличко оцени дека новиот закон за ограничување на протестите е нелегален и неуставен. Опозицијата го обвинува претседателот Виктор Јанукович дека се обидува да воспостави диктатура. Законот забранува неовластено поставување шатори, бини или озвучување. За масовни нарушувања на јавниот ред и мир се предвидуваат затворски казни до 15 години.
XS
SM
MD
LG