Достапни линкови

Турција е подготвена да разговара со ЕУ за сите теми


Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу денеска изјави дека е подготвен да разговара со Европската унија за сите теми, вклучувајќи ја и сегашната политичка криза во земјата и спорните проекти за судски реформи.

Давутоглу, кој говореше пред новинарите во Адана, го имаше предвид планот на исламистичко-конзервативната Влада да ја зајакне контролата врз Врховниот совет на судии и обвинители.

„Доколку има нешто, што е спротивно на стандардите на ЕУ, ќе ги слушнеме забелешките на 28-те земји-членки“, рече Давутоглу, кој во вторник ќе го придружува премиерот Реџеп Таип Ердоган на првата негова посета на Брисел во последните пет години.

Давутоглу сепак предупреди дека Брисел не треба да зазема „дискриминаторски став“ кон Турција и побара од ЕУ итно да ги отвори преговарачките поглавја 23 (судскиот систем и основните права) и 24 (правосудство, слобода и безбедност).

Ердоган во Брисел ќе се сретне со претседателот на Советот на ЕУ, Херман ван Ромпуј и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц во присуство на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон. Предвидена е средба и со претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.
XS
SM
MD
LG