Достапни линкови

logo-print

Малики - Предавнички и ѓаволски земји работат против Ирак


Ирачкиот премиер Нури ал-Малики.

Ирачкиот премиер Нури ал-Малики.

Ирачкиот премиер Нури ал-Малики ги обвини „предавничките“ и „ѓаволски“ земји на Блискиот Исток за насилствата во неговата земја. Малики ова го изјави во неговиот денешен говор во градот Насирија на југот на земјата, но не посочи конкретно ниедна земја како виновник.

„Ирак е цел на некои земји што поддржуваат тероризам и го поддржуваат злото“, рече Малики и додаде дека целиот свет е на страната на Ирак во борбата против тероризмот, „освен некои ѓаволски држави“.

Ирачки претставници претходно обвинија дека Саудиска Арабија и Катар ги поддржуваат незадоволните сунити на западот на земјата кои лани организираа анти-владини протести. Токму на западот на Ирак, кој претежно е населен со сунити, во моментов се водат жестоки борби меѓу владините сили и милитантите поврзани со Ал Каеда, кои пред три недели ги зазедоа градовите Рамади и Фалуџа.
XS
SM
MD
LG